НСЗР бара подобри услови за работа на здравствените работници, најавени протести

Од:

Од Независниот синдикат на здравствените работници и административно – техничкиот персонал денеска повторно побараа подобри услови за работа на членството и најавија протести, на 17 и 24 ноември и на 2 декември. Бараат зголемување на платите за 30 отсто, на додатокот за инфекција од еден на четири отсто, нов колективен договор, бенефициран работен стаж и трансформација на договорите на определеното работно време со неопределено.

Боби Бојчевски, претседател на НСЗР претстави три предлози како да се надополнат буџетите во Министерството за здравство и Фондот за здравство.

– Оданочување од 40 отсто на високата плата на функционерите, бидејќи во овие услови се енормни високи. Потоа, здравствените установи затоа што не се профитабилни организации, да се ослободат од индустриска вода и струја, да плаќаме како обичниот граѓанин. Го поддржуваме министерот за здравство Фатмир Меџити, во тоа да се укинат двојните директори на Клинички центар и управните одбори, рече Бојчевски.

Би можело да ве интересира

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем

Мицкоски: Не може да се пишуваат дежурства од 31 ден во февруари со 24 часа работни, а да очекуваме вложувања во здравството

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува