Кит се насука и угина на брегот во Холандија

Од:

Див кит се насука и угина на морскиот брег во близина на селото Гравензанде крај холандскиот град Хаг.

Припадници на холандската Кралска управа за потрага и спасување (КНРМ) ги исекле остатоците на угинатиот кит на парчиња и ги пренеле на испитување во музејот Натуралис, каде се очекува да биде изложен скелетот на овој морски цицач.

Жителите од селото и околините места покажаа голем интерес за угинатиот кит, но полицијата од безбедносни причини не ми дозволуваше да се дојдат на брегот или да го сликаат несреќното животно.

Китот долг 16,5 метри на брегот се насукал во неделата, а угинал вчера. Причина за угинивањето на китот ќе биде утврдена по испитувањата од страна на научниците во музејот Натуралис.

Инаку, ова е осми кит што во последните шест години се насукува на брегот кај селото Гравензанде.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

ВИДЕО: Разорна експлозија во Хаг, потрага по преживеани

Напад во Ротердам: Едно лице е убиено, а друго тешко рането во холандскиот пристанишен град

Холандија и донира на Украина 24 авиони Ф-16, може да ги користи за цели во Русија

Катерина Ѓуровски

Холандија е дисквалификувана од Евровизија

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски