Силата на мајчинската љубов: Жена во Газа ги влечела своите деца на автомобилски седишта 14 километри додека бегала од гранати

Од:

Благодарение на палестинскиот новинар Мотаз Азаиза, повеќе од 13 милиони луѓе кои го следат на Инстаграм имаат увид во трагичното секојдневие со кое луѓето од Газа се справуваат повеќе од еден месец.

Жителите на Газа почнаа масовно да ја напуштаат областа за да се обидат да избегаат од немилосрдните израелски напади.

Бескрајна колона од деца, жени и стари лица се движи по улицата Салах-ал Дин кон југот на земјата.

Покрај снимките од смрт, болка, патење и страдање, Мотаз се обидува во своите видеа да ја прикаже храброста на палестинскиот народ и силата и волјата за живот што не го напушта ниту во најлошите моменти.

На својот Инстаграм профил сега објави видео на кое може да се види како мајка ги влече своите две деца на седишта за автомобил додека носи големи торби на грбот.

“Супер мајка. Ги влечеше своите две деца повеќе од пет часа, дури 14 километри. Од брегот на Газа до средината на областа”, напиша Мотаз со видеото кое собра речиси милион лајкови.

„Постојат супер мајки и палестински мајки. Тие се поотпорни, похрабри и најмоќните мајки што сум ги видела. Терминот „Супермајка“ треба да се замени со „мајка Палестинка“, напиша една девојка.

“Оваа храбра жена пешки, на жештина, со сета сила ги влече своите деца на седиштата за автомобили, барајќи безбедност. Со своите работи на грб и тежината на светот на рамениците. Таа е олицетворение на мајчинството”, рече друг следбеник.

За потсетување, Азаиза по повод еден месец од почетокот на израелското бомбардирање на Појасот Газа напиша:

„Не знам… Што да правиме повеќе, што да изгубиме повеќе, што да покажеме повеќе? Сите ќе бидеме убиени, а теророт ќе не уништи одвнатре и никој нема да го спречи овој геноцид“, напиша Азаиза и испрати порака до светот да престане само да дава совети.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан