МВР објави второ видео од акцијата „Шпион“

Од:

Министерството за внатрешни работи до Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска поднесе кривична пријава против М.Е.(52) од Скопје, поранешен вработен во Агенција за разузнавање на Р.Македонија, И.А.(55) од Скопје, вработен во Агенцијата за разузнавање на Р.Македонија.

А.А.(46) oд Скопје, вработен во Агенцијата за разузнавање на Р.Македонија, З.K.(48) од Скопје, вработен во Министерство за внатрешни работи на Р.Македонија – Управа за безбедност и контраразузнавање, М.З.(44) од Куманово, поранешен вработен во АРМ, Б.П.(52) од Велес, Б.Ц.(49) од Скопје, вработен во Министерството за одбрана на Р.Македонија.

З.Б.(47) од Куманово, по занимање новинар со моментален престој во Р.Србија, сопственик на електронски медиум „Буревесник“, М.Н.(41) од Куманово, моментално живее во Скопје, Ј.М.(38) од Крива Паланка, Г.С.(43) од Скопје, поранешен вработен во Министерството за внатрешни работи – како полициски генерал, М.М.(45) од Скопје, шеф на Кабинетот на Претседателот на Собрание на Р.Македонија, С.М.(40) од Скопје, В.С.(35) од Скопје, вработен во Државен Архив на Р.Македонија, В.Ц.(35) од Скопје, поранешен директор на Управата за финансиско разузнавање на Р.Македонија.

А.Д.(54) од Скопје, А.В.(58) од Скопје, Ц.Д.(57) од Скопје, поранешен вработен во Министерствота за внатрешни работи на Р.Македонија – пензионер од МВР, Ж.П.(56) од Скопје, поранешен вработен во Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија – пензионер од МВР и Т.К.(54) од Скопје, вработен во Министерството за одбрана на Р.Македонија, кои во зависност од улогата што ја имале во злосторничкото здружение, се пријавени поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „Злосторничко здружување“, „Шпионажа“, „Злоупотреба на службената положба и овластување“, „Уцена“ и „Измама“.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски