ВМРО-ДПМНЕ: Заев призна дека татко му добивал јавни набавки од општински институции

Од:

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната изјава на струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ наведува дека Зоран Заев признал дека татко му добивал јавни набавки од општинските институции.

– Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го тврдеше, Заев го потврди. 30 479 891 денари од сметката на Јавната општинска установа легнале на сметките на Панчо Заев, татко му на Зоран Заев. Станува јасно како се градела империјата Заеви.Со општинските пари трансферирани до приватните фирми на роднините и блиските луѓе на Заев, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека Зоран Заев треба да престане да се прави жртва, зошто, како што оценува, „очигледно тој е човек кој добро знае како да го злоупотреби системот“.

– Ако ова го правел како градоначалник, можеме да замислиме што би правел ако еден ден му се оствари желбата да стане премиер. Како тргнал да се правда, еден ден ќе го чуеме дека „режимот” го натерал да им дава јавни набавки на својот татко и чичко. Господине Заев, во политиката треба морал, кој Вие во трка по пари за Вашата имеприја и октопод, очигледно сте го загубиле, наведува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ