Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот до 30 дена на Владимир К. таткото на момчето кое на 3 мај уби девет врсници и чуварот на училиштето во ОУ „Владислав Рибникар“.
На Владимир К. му е продолжен притворот за да не го повтори делото, како и со оглед дека постои основано сомневање дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над десет години, како и начинот на извршување, а сериозноста на последиците од кривичното дело што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, се вели во соопштението на судoт.
На мајката на момчето, Миљана К., пред еден месец и е изречена мерка забрана за приближување, средба или комуникација со нејзиниот син К.К..