Нема храна од утре за вработените во „Еуроникел индустри“

Од:

Нема храна од утре за вработените во „Еуроникел индустри“, добавувачот им соопштил дека нема да има испорака, оваа информација попладнево ја потврдија за МИА од синдикалната организација. Оттаму нагласија дека сите вработени, преку закачено соопштение како интерен документ, биле информирани дека добавувачот на храна од утре нема да испорачува храна.

МИА вчера информираше дека Синдикатот на „Еуроникел“ стравува дека комбинатот ќе остане без струја, пренесувајќи ја изјавата на претседателот Миле Ѓорѓиев.

– Со денови наназад алармиравме, а и протестиравме на повеќе пати, укажувајќи дека нема услови за работа на комбинатот, нема руда и репроматеријали. Според нашите сознанија, струја има до утре, а нема пари за дополнително плаќање на електрична енергија. Сакаме да нагласиме дека со денови не можеме да воспоставиме никаква комуникација со странските сопственици на фабриката, додаде Ѓорѓиев, нагласувајќи дека сакаат да ја информираат јавноста за проблемите на околу 800 работници, плус транспортери и други соработници на фабриката.

Тој подвлече, дека, доколку се изгаси печката, дополнително ќе бидат потребни и многу пари и време таа повторно да се стави во функција.

Ѓорѓиев додаде дека очекуваат помош од државата, за спас на „поранешно Фени“.

– Тоа го очекуваме, бидејќи станува збор за гигант, значаен за кавадаречката но и македонската економија, рече претседателот на Синдикатот.

Тој откри дека размислуваат да поднесат и кривична пријава против странските сопственици на фабриката, бидејќи, како што рече, со месеци им биле ветувани подобри денови за комбинатот.

Би можело да ве интересира

Синдикатот во ,,Еуроникел индустри” на протести без запирање на производствениот процес, бара подобрување на социјалниот статус

Поради публиката на натпреварот со Еуро Никел, МЗТ Скопје доби казна од 42 илјади денари

Изненадување во „Јане Сандански“: Соколов и Еуро Никел го урнаа МЗТ

Катерина Ѓуровски