Изненадување во „Јане Сандански“: Соколов и Еуро Никел го урнаа МЗТ

Од:

Кошаркарите на Еуро Никел направија изненадување со триумфот на гостувањето кај МЗТ Скопје Аеродром од 75-87, во еден од трите натпревари одиграни вечерва од осмото коло во Првата македонската кошаркарска лига.

Најзаслужен за триумфот на кавадаречкиот прволигаш беше поранешниот македонски репрезентативец Дарко Соколов, кој мечот во салата „Јане Сандански“ го заврши со 30 поени, додавајќи шест скока и две асистенции.

Гостинска победа славеше и екипата на Академија ФМП над скопски Вардар со 82:79, додека Пелистер не дозволи изненадување во Битола и триумфираше убедливо со 113: 75 над Куманово. Натпреварите од осмото коло меѓу Работнички – Црн Дрим, ТФТ – МЗТ Скопје Уни банка и Кожув – Гостивар се одложени.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

МЗТ Скопје го освои Купот на Македонија

Катерина Ѓуровски

Нема храна од утре за вработените во „Еуроникел индустри“

Синдикатот во ,,Еуроникел индустри” на протести без запирање на производствениот процес, бара подобрување на социјалниот статус

Историско финале за Феникс

МЗТ Скопје преку ТФТ до финалето на Купот