Откако хрватскиот Државен инспекторат ја извести јавноста дека времено е забрането пуштањето во промет и повлекувањето на сомнителни производи, кои доведоа до неколку случаи на труење во Хрватска, се огласи и компанијата Фортенова.
„Членовите на Групацијата Фортенова – Конзум, Велпро, Тисак и Рото Динамик одлучија самостојно и како мерка на претпазливост да ги повлечат сите безалкохолни пијалоци Coca-Cola од нивните продавници. Со основна цел да го заштитиме здравјето на нашите клиенти и сите други засегнати страни и одговорен пристап кон целокупниот бизнис, членовите на групацијата Фортенова – Конзум, Велпро, Тисак и Рото Динамик, се самоиницијативни и превентивно ја повлекуваат целата палета на безалкохолни пијалоци произведени од Coca-Cola од нивната малопродажна и големопродажна мрежа. Оваа привремена одлука на Групацијата Фортенова ќе важи се додека не добиеме официјална информација за безбедноста на производот и инструкции како да постапиме од надлежните институции и производители“, се наведува во соопштението.