Бајден: Побарав од Нетанјаху тридневна пауза во воените дејствија

Од:

Побарав од Бенјамин Нетанјаху тридневна пауза во воените дејствија, изјави американскиот претседател Џо Бајден по телефонскиот разговор со израелскиот премиер.

Бајден го повика Нетанјаху на пауза за да се овозможи напредок во ослободувањето на заложниците кои ги држи Хамас, но и да се олесни влезот на хуманитарна помош. Белата куќа официјално објави дека Бајден и Нетанјаху исклучиво разговарале за „тактички паузи“ за време на актуелната криза.

Со договор на овие две страни, паузата би била искористена за дополнително да се потврди идентитетот на сите заложници и да се обезбеди комплетен список со имиња.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот суд на правдата во Хаг му нареди на Израел да ја запре офанзивата во Рахаф

„Њујорк тајмс“: Европа се одвраќа од Израел, го доживува како агресор

Пронајдени се телата на уште тројца заложници во Газа

Најмалку 35 Палестинци загинаа во Појасот Газа

За Бајден случувањата во Газа не се геноцид

Бајден ја нарече скандалозна одлуката да се бара потерница за Нетанјаху и Галант

Предраг Петровиќ