Активисти од групата „Just Stop Oil“ се обиделе да уништат вредна слика во Националната галерија во Лондон, во обид наводно да привлечат внимание на климатските промени и употребата на фосилни горива.
Двајца демонстранти против климатските промени се уапсени откако ја искршиле заштитната стаклена плоча што ја покривала познатата слика во масло на Диего Веласкез во Националната галерија во Лондон.
Двајца активисти од групата Just Stop Oil ја удрија сликата на Веласкез „Венера со огледало“ со мали чекани.
💥 SUFFRAGETTE PAINTING SMASHED
💀 Our government have revealed plans for MORE oil licences, knowing it will kill millions. In response, two supporters of Just Stop Oil smashed the Rokeby Venus — slashed by Mary Richardson in 1914.
⏱ Deeds, not words: https://t.co/3tlBID7nKA pic.twitter.com/Hk0el26QIt
— Just Stop Oil (@JustStop_Oil) November 6, 2023
Just Stop Oil, кој претходно водеше слични протести насочени кон познати уметнички и јавни згради, рече дека акцијата во понеделникот бара од британската влада веднаш да ги запре сите лиценци за истражување, развој и производство на фосилни горива во ОК.
Групата рече дека двајцата активисти решиле да го таргетираат маслото на платно на Веласкез од 17 век, едно од најпознатите ремек-дела на шпанскиот уметник, бидејќи претходно било оштетено како дел од движењето на суфражетите кое повикувало на правата на жените во 1914 година.
Во интервју за Euronews Culture, претставник на Just Stop Oil кажа дека тие биле инспирирани од други ненасилни движења на граѓански отпор претходно, вклучително и како Афроамериканците добиле глас и како биле донесени законите за здравје и безбедност во ОК.