Судски совет: Немаме намера да војуваме со министерот за правда, Кренар Лога

Од:

Судскиот совет на Република Северна Македонија нема намера со никого да „војува“, а најмалку со ресорниот министер за правда, Кренар Лога, соопштуваат од Советот.

– Ваквата реакција на Судскиот совет, доаѓа по повод вчерашните настапи на министерот Лога, особено по неговото синоќешното телевизиско интервју, во кое тој изјави дека е во „отворена војна“ со Судскиот совет, наведуваат Советот.

Членовите на Судскиот совет потенцираат дека министерот, кој по функција е член на Советот, секогаш е добродојден на седниците на ова тело, каде може отворено да се дискутира за сите отворени на прашања и проблеми во судството.

– Впрочем, од страна на службите на Судскиот совет редовно му се испраќаат материјали за секоја седница, велат оттаму.

Од Советот нагласуваат дека ги прифаќаат сите добронамерни критики на своја сметка и на адреса на судството, но, како што наведуваат, не може да дозволи министерот за правда да излегува од своите надлежности и да кажува како треба и што да работи Советот.

– Судскиот совет функционира во согласност со своите законски надлежности и секој обид за директно мешање во неговата работа, ќе се толкува како „упад“ и притисок на претставник на извршната врз судската власт, заклучуваат оттаму.

Би можело да ве интересира

Малку судии и многу неработни денови – причини за неажурноста на судовите во првиот квартал, констатираше Судски совет

Камбовски: Разрешениот судија Енвер Беџети има право на жалба

Катерина Ѓуровски

Африм Фидани избран за претседател на Врховен суд

Катерина Ѓуровски

Разрешувањето на претседателот на Судскиот совет да биде јавно, предвидува предлог-законот

Катерина Ѓуровски

Камбовски: Финансиската зависност ја уништува судската независност, да се промени начинот на кој се прават реформите

Судски Совет: Судијата Ељведин Ферати не можел да досуди повисока за возачот кој ја прегази Теодора Ристовска