На Богородица запленети 700 парчиња облека

Од:

Спречен обид за сива економија, откако во пет случаи царинските службеници од граничниот премин Богородица запленија околу 700 парчиња непријавена облека и 22 пара обувки наменети за продажба на македонскиот пазар. Во сите случаи лицата, инаку македонски државјани, се обиделе нелегално да ја внесат робата без да ги платат увозните давачки информираат од царинската управа.

– Во четири од случаите непријавените парчиња облека и обувки се откриени при контрола на автобуси во патните торби на патниците, како и во црни кеси под задните седишта. Во последниот случај, непријавените парчиња облека се откриени при контрола на патничко возило. Производите се запленети, а против лицата се поведени соодветни постапки. Царинската управа во рамки на своите приоритети континуирано спроведува активности за заштита на финансиските интереси на државата и сузбивање на сивата економија, се вели во соопштението од Царина.

Би можело да ве интересира

Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо

Две Македонки кои живеат во Холандија криумчареле злато вредно 1,3 милиони денари

Во цистерна за нафта шверцувале цигари, фатени петмина кои имале организирана мрежа

Димитриеска-Кочоска: Царинската управа во изминатата година јасно покажа дека може да биде сервис на државата, на граѓаните и на стопанството

Кривични за екс директор и раководител за јавни набавки во М-НАВ, направиле штета од 1,5 милиони денари

Запленети автомобили, 126 килограми тутун за наргиле, лекови за животни, цигари и женски обувки со потпис на познати модни брендови

Катерина Ѓуровски