Позитивните ефекти на модриот патлиџан

Од:

Модриот патлиџан има енергетска вредност, протиени, јаглехидарати, малку масти, диететски влакна, а најмногу вода (дури 92,4 отсто).

Богат е со целулоза и го поттикнува работењето на органите за варење. Исто така, содржи значајна количина на пектин, состојка која го снижува холестеролот.

Модриот патлиџан е добар за срцето бидејќи обезбедува значајна количина калиум, што помага за норамализирање на крвниот притисок, а содржи мошне малку масти и калории. Истовремено содржи вид на фитохемикалија т.н. сапонин, која поседува антиалергиски, антиоксидативни, антиканцерогени и противоспалителни својства. Што се однесува до витамините и минералите, патлиџанот е вреден продукт бидејќи изобилува со калциум, фосфор, железо, калиум, витамините Ц, ПП, Б1 и Б2.

Модрите патлиџани и припаѓаат на групата зеленчук кои содржат алкалоиди како што се патлиџанот, компирот, слаткиот фиферон. Алкалоидите, кои инаку предизвикуваат нервни пречки и проблеми со варењето, во модриот патлиџан се наоѓаат во мал процент, така што не се штетни. Важно е да се напомене и дека со варењето нивото на алкалоидите се смалува за 50 отсто. Патлиџанот содржи и важни фитонутриенти, од кои повеќето се антиоксиданси. Тие фитонутриенти, освен што се антиоксиданси, ги чуваат мембраните на клетките од оштетувања, а откриено е дека ги штитат липидите на мембраните на мозочните клетки кои, пак, ги штитат клетките од слободните радикали. Фитонитриентите на патлиџанот го намалуваат холестеролот во крвта, и ги штитат клетките од можно создавање на тумор. Модриот патлиџан се покажал како одлично средство за намалување на нивото на лошиот холестерол (ЛДЛ) од организмот. Благодарение на високата содржина на влакна, овој продукт е ефикасен и за лекување на запекот, како и за спречување на хемороиди и колит.

Овој специфичен зеленчук нема висока содржина на калории и масти, затоа е соодветен производ за диета и слабеење. Модриот патлиџан е ниско калоричен производ, а бидејќи најчесто се похува или се пржи, впива големи количества маснотии. Затоа најдобро е да се свари на пареа, а за тоа е потребно да се исече на коцки, мошне кратко да се провари, по што се зачинува со лук, магдонос и маслиново масло.

Необичната загасита виолетова боја на патлиџанот е доказ дека тој е свеж. Петелката треба да биде сочна и цврста. Обрнете внимание и на потемните дамки бидејќи тоа е знак дека патлиџанот се расипува од внатре. Бирајте плодови долги отприлика 15 см. Чувајте ги во ладилник, во пластично ќесе, најдолго пет дена и нека стојат подалеку од јаболката, кои произведуваат етилен и со тоа влијаат на побрзото стареење на патлиџанот.

Би можело да ве интересира

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава