Почна жетвата на оризот од турска сорта

Од:

На оризовите полиња во атарот на село Чешиново денеска беше означен стартот на жетвата на оризот од годинешната реколта. На сопсвени површини од 10 декари земјоделецот Мијалче Костадиновски од село Чешиново насеа ориз од турската сорта „гонен“.

– Приносите се повее од задоволителни. На површина од еден декар добив 800 килограми оризова арпа од оваа турска сорта, како експериментално производство, вели Костадиновски кој додаде дека и жнеењето на оваа сората се прави 20-тина дена порано.

Во Земјоделскиот институт во Кочани на површина од 5 декари се испитуваат 15 турски сорти на ориз. Турски сорти ориз пробно се произведуваат и на површина од 20 земјоделци.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: Нема откуп на оризот, власта ги остави оризопроизводителите на цедило

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Оризовите ниви во Кочанско половина месец оставени без вода, земјоделците протестираат

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата