Изложба во рамки на проектот „Ние, луѓето“ на Театар Пи

Од:

Изложба на фотографии и инсталации во рамки на проектот „Ние, луѓето“ на Театар Пи, во кој се вклучени и лица со попреченост и атипичен развој, ќе биде отворена вечер во Национална галерија на Македонија – мала станица.

– „Ние, луѓето“ е мултимедијален концепт со кој низ главно театарски, но и фотографски, сценографски, музички и психолошки работилници кои ги водат едукатори-професионалци во својата област, учесниците со типичен и атипичен развој поминуваат низ целосен процес на создавање на комплетно театарско дело, објаснуваат од Театар „Пи“.

Настанот е дел од кампањата за вклучување на лица со посебни потреби, како и лица со типичен и атипичен развој во културата, почната во јануари годинава, а ќе трае до мај следната година. Дел од изложбата е исто така големо платно со акрил кое што беше сликано за време за концертот од уметникот Тома Димовски и од малата и талентирана Кјара Нефовска. Темата е инспирација од писателот Јордан Радичков, идејата и концептот е на Златко Митрески и Македонка Илиевска, а проектот е финансиран со средства од Бугарска развојна помош.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“