По информативен разговор во полиција, и откако полицајците утврдиле дека режисерот на анимираната серија „Еднооки“ не е дел од шпионска мрежа,Борис Дамовски и уште еден инспектор на УБК се ослободени и пуштени дома. Иако две години биле следени од полицијата, откако дале исказ во полиција-се утврдило дека нема поврзаност меѓу Дамовски и групата осомничена за шпионажа. Минстерката за внатрешни Јанакуловска посочи дека секој може да биде повикан на информативен разговор во полиција, и во зависност од дадениот исказот полицијата може да го ослободи осомничениот од кривично гонење. Еве што одговори на новинарско прашање зошто Дамовски не е изведен пред истражен судија како останатите осомничени.
Дваесет лица заработија кривични пријави за шпионажа, злосторничко здружување, измама и уцена. Групата давала информации од безбедедносен карактер, брифирала за политичките случувања во земјава, за изборните циклуси, за гостувањата на странски делегации, информации за верските заедници и како тие се финансирале, а за возврат добивале пари, бесплатни патувања и имот. Министерката не кажа со кои тајни служби групата соработувала, рече дека станува збор за соседна земја. Според полицијата, првообвинет е Маријан Ефремов кој до 2009-та работел во Агенцијата за разузнавање кога и добил отказ, и е брат на јавниот обвинител Ефремов од Велес, обвинет во процесот „Ликвидација“.
На првообвинетиот во шпонзажата му помагало и лице од военото разузнавање, како и еден вработен во мобилните оператори кој обезбедувал телефонски транскрипти. Според МВР на првообвинетиот не му било прв пат да дава државни тајни на странски служби-истото го направил и во 2005-та.
Обезбедувале инфоемации за лица од јавниот живот на земјава а потоа изнудувале пари документите да не излезат во јавновст. Групата имала соработник и од државниот архив .Добивале класифицирани документи преку кој уценувале и изнудувале пари.
Екс директорот на Управата за спречување перење пари, Ване Цветанов, се сомничи дека давал доверливи документи кои ги поседувал нелегално на еден медиум.
Полицијата извршила претрес кај 17 лица во 30 домови, но и на местата каде осомничените работеле. По тројца осомничени за шпионажа сеуште се трага. Јанкуловска не кажа колкава е штетата која ја направиле „шпионите“ а работа на Обвинителството било дали 20-те лица кои кривично се гонат ќе одговараат за злосторничко здружување.
Акцијата „Шпион“ започна вчера. Меѓу уапсените се лица од јавниот и политички живот на земјава- шефот на кабинетот на претседателот Собранието Марјан Маџовски, екс командантот на лавовите Горан Стојков, како и приипадници на УБК и Военото разузнавање.
Бојан Стојановски