Ковачески: Користењето на кабинетот на Груби за состанок на Ахмети не е злоупотреба

Од:

Користењето на кабиетото на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, за средби на лидерот на ДУИ Али Ахмети со Ричард Гренел, за премиерот Димитар Ковачевски не е злоупотреба бидејќи бил присутен и домаќинот.

Според него, на средбата на која бил присутен и вицепремиерот Груби, и тој одлучувал кој ќе повика на состанокот.

– Гледајте прво на таа средба присуствува и вицепремиерот. И на него е кој ќе повика на состанок во кабиентот. Кога имам јас состаноци тогаш доаѓаат гости коишто одржуваат состаноци, меѓутоа јас сум присутен во кабинетот, исто како што тој е присутен во својот кабинет. Сметам дека не е злоупотреба доколку луѓе користат канцеларија со домаќинот за состаноци, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на Првата конференција за патна инфратструктура.

Пред неколку дена вицепремиерката задолжена за политики и добро владеење, Славица Грковска рече дека е недозволиво престапување на кодексот, и дека како член на Влада, во овој случај нема механизам за постапување. Според неа, партиските и државните активности мора да бидат разделени.

Во петокот, Ахмети на својот Фејсбук профил објави фотографии од средбата со Ричард Гренел, која се одржала во Кабинетот на Груби. Гренел е поранешен специјален пратеник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за дијалогот Косово-Србија, како и некогашен шеф на американската Национална разузнавачка служба.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ахмети продолжува да биде фактор за нестабилност и тоа мене ме загрижува

Горан Наумовски

Касами: Писмата кои Ахмети ги праќа до премиерот и до странски политичари не се во интерес на граѓаните

Горан Наумовски

Ахмети му пишал на Мицкоски: Последните одлуки на Уставниот суд предизвикаа загриженост кај сите граѓани

Таравари: Села и Ахмети треба да се самокритични и да се навикнат дека се во опозиција

ДУИ одржува Генерален совет, Ахмети повторно вели дека не се почитува легитимитетот на гласачите Албанци

Ахмети – Пападопулу: Потребно е целосно почитување и спроведување на Преспанскиот договор од двете страни

Горан Наумовски