Џафери не ја стави на гласање Декларацијата на Левица за Палестина оти не била преведена на албански

Од:

Пратениците на Левица поднесоа Предлог-Декларација за солидарност со палестинскиот народ и осуда на израелската окупација, но Талат Џафери не го стави на гласање затоа што материјалот не бил преведен.

– Сметаме дека не треба да бидеме ноеви и да си ја пикаме главата во песок и да не преговориме за најжешката точка на планетата во овој момент и каде што пред наши очи ни се случува геноцид во Газа. Како што кажа портпаролот на УНИЦЕФ Газа стана гробница на илјадници дечиња и таа е жив пекол на земјата. Бомбите кои се фрлени врз Газа за само две недели за 1,5 пати ја надминаа ударната моќ на нуклеарната бомба фрлена врз Хирошима.

Газа е голема колку Скопје, 40 км на 6 км а секојдневно е бомбардирана од гранати брз население од 2,2 милиони жители. Видовме во овој парламент како се леат крокодолски солзи за Украина каде што загинаа 200 деца за две години, а во Газа 5.000 дечиња за две недели. Газа станува и гробница на човечноста. Го повикуваме и претседателот Пендаровски да го отповика итно амбасадор на Макеонија во ООН затоа што гласаше воздржано за резолуцијата за хуманитарно примирје во Газа – рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Во Декларацијата составена од девет точки, која се темели на неколку меѓународни акти и резолуции на Обединетите Нации, меѓудругото се бара осуда на воените злосторства врз палестинските цивили извршени од страна на безбедносните сили на Израел и осуда на политиките на апартхејт имплементирани врз палестинскиот народ.

Во Декларацијата се бара од Владата да ја признае независната држава Палестина и да воспостави дипломатски односи на ниво на амбасади.

Би можело да ве интересира

Десетици илјади луѓе маршираа во Билбао во поддршка на Палестина

Палестинците плаќаат 2.000 долари за да ја напуштат Газа

Турција е подготвена да преземе одговорност во Газа

Горан Наумовски

ДПМНЕ ни ја вандализираше канцеларијата во Аеродром, тврдат од Левица

Русија подготвува своја нацрт-резолуција за Газа како алтернатива на американскиот предлог

Израел ги предаде телата на 15 Палестинци на Министерството за здравство во Газа