Возел со 3.53 промили алкохол, застанал на „брзата“ лента на среде автопат Гевгелја-Демир Капија

Од:

45-годишен жител на валандовското село Јосифово е приведен вчера вечер откако застанал со автомобилот на лентата за престигнување и ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот информира МВР.

Тој бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување помош во Итна медицинска помош Неготино било констатирано дека има 3.53 промили алкохол во крвта, по што бил приведен.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Пукање од автомобил во скопски Центар

Се запали автомобил во движење, возачот се здоби со изгореници

Катерина Ѓуровски

Четириесетгодишен скопјанец пронајден починат во стан во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Тинејџер избоде 14-годишник во Сарај

Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица

Фрлена бомба врз угостителски објект кај Тетово, двајца повредени