(ВИДЕО) Мртва е младата Шани Лук која беше киднапирана од Хамас

Од:

Семејството на младата германскa државјанка и уметничка Шани Лук, кој беше киднапиран од Хамас по инвазијата на Израел, објави дека девојката е мртва.

Нејзиното семејство повеќе од три недели се надеваше дека Шани може да се ослободи од „канџите“ на терористите, но, тоа не се случи.

-За жал, вчера ја добивме веста дека мојата ќерка повеќе не е жива“, рекла мајката на Рикарда, пренесува Билд.

Шани Лук (22), која имаше израелско и германско државјанство, беше на музички фестивал во близина на Кибуц Реим на 7 октомври. Таму таа го славеше животот со стотици млади Израелци кога беа нападнати од милитантите на Хамас. Хамас уби десетици посетители на фестивалот и киднапираше многумина, меѓу кои и Шани Лук, и ги одведе во Појасот Газа.

Истиот ден, Хамас објави видео на кое наводно се гледа Шани Лук во приколка за камион опкружен со борци. Таа лежела и беше тешко повредена. Околу неа борците го славеа нејзиното киднапирање. Набрзо се појавија информации дека таа е мртва, но нејзината мајка изјави дека и кажале дека Шани е се уште жива и тешко повредена.

И покрај ужасното видео, семејството на Шани повеќе од три недели се надеваше дека таа ќе биде ослободена. Во понеделникот семејството ја објави тажната вест.

Би можело да ве интересира

Извршивме напад врз израелската логистичка база Кенобар, извести Хезболах

„Гардијан“: Германија го блокираше извозот на оружје за Израел

Во израелските напади врз кампот Џабалија загинаа 10 лица, а најмалку 30 се повредени

(ВИДЕО) Хезболах го нападна Израел, четворица војници загинаа, 60 се ранети

Харис: Израел мора да стори повеќе за да го олесни протокот на помош за Газа

Најмалку 20 лица загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа