(ВИДЕО) Немири на аеродром во Русија, толпа го блокираше авионот од Израел

Од:

Аеродромот во Махачкала во Дагестан денеска е привремено затворен поради упад на непознати лица по најавата за пристигнувањето на летот од Израел, а на местото се распоредени безбедносни сили, соопшти руската агенција за воздушен транспорт (Росавиција). „Поради упад на непознати лица во сообраќајниот дел на аеродромот во Махачкала, одлучено е привремено да се затвори за дојдовни и за појдовни летови“, соопшти Росавијација, додавајќи дека „полициските сили се на местото на настанот“.

Група мажи вечерва упаднаа на пистата и зградата на аеродромот во Махачкала, главниот град на Дагестан, руска република со мнозинско муслиманско население, по најавата за пристигнување на авион од Израел. Како што пишуваат Известија и РТ, мажите дошле до покривот на зградата и на пистата. На видеата објавени на Телеграм, се гледаат десетици мажи како уриваат огради, се обидуваат да ги контролираат автомобилите што го напуштаат аеродромот и ги кршат вратите во зградата.

Друго видео покажува човек кој стои на крилото на авионот на Руската Ред Вингс. Според специјализираната веб-страница Flightradar, авионот на компанијата кој полета од Тел Авив слета во Махачкала во 19 часот по локално време. Рускиот независен весник „Сота“ пишува дека авионот требало да го продолжи патувањето кон Москва.

Пред да влезат во зградата на аеродромот, неколку демонстранти се обидоа да ги проверат пасошите на луѓето додека излегуваа од аеродромот, барајќи израелски државјани.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху реагираше на ситуацијата на аеродромот и ги повика руските власти да ги заштитат израелските граѓани. „Очекуваме руските органи за спроведување на законот да ја заштитат безбедноста на сите израелски граѓани и Евреи каде и да се“, соопшти Канцеларијата.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е и самиот Евреин, исто така го коментираше инцидентот, нарекувајќи го застрашувачки.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег