ВИДЕО: Пендаровски се сретна со фон дер Лајен, разговарале за реформите и за уставните измени

Од:

Претседателот Стево Пендаровски вечерва ја прими претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која престојува во посета на Северна Македонија. Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие разговарале за процесот на пристапните преговори на земјава за членство во Европската Унија, за актуелните политички случувања во Северна Македонија и за тековните состојби во регионот.

Во таа насока беа разменети информации за натамошните фази во преговорите по завршување на скриниг прoцесот и за динамиката на спроведување на реформите, стои во соопштението.

На средбата беше разговарано за претстојниот извештај на ЕК за напредокот на Северна Македонија како земја-кандидат, како и за Планот за раст на Западниот Балкан, при што претседателот Пендаровски се заблагодари за поддршката и посветеноста од ЕУ на политиката на проширување и интеграција на земјите од Западен Балкан.

На средбата биле разменети мислења за стратешката важност од спроведување на измените на Уставот и натамошните импликации врз европската перспектива на земјава, се наведува во соопштението на претседателскиот Кабинет.

Фон дер Лајен утре ќе има средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Орбан го обвинува Брисел дека ги прикрива грешките на Урсула фон дер Лајен

Европскиот парламент бара разрешување на Фон дер Лајен

А1он

Фон дер Лајен ветува две милијарди евра за дронови за Украина

А1он

Фон дер Лајен: Разгледуваме опција за соборување на руски авиони

Ирски новинар ја обвини Урсула фон дер Лајен дека лаже во врска со руските авиони

Време е Урсула фон дер Лајен да се спакува и тивко да си оди дома, вели Орбан

Горан Наумовски