(ВИДЕО) Израел бомбардира во близина на болница во кој има 12 илјади цивили

Од:

Директорот на болницата Ал Кудс во Газа, Басам Мурад, за Ројтерс изјави дека добил неколку предупредувања во кои се наведува дека болницата треба да биде евакуирана што е можно поскоро. „Прво бевме повикани од палестинската Црвена полумесечина, на која израелската армија ѝ кажа да побара евакуација на сите пациенти и вработени, како и на другите луѓе кои престојуваат во болницата“, рече тој.

„Тие спомнаа дека оваа област ќе биде воена зона, дека ќе има конфликти, дека областа ќе стане опасна и дека мора брзо да се евакуираме“, рече Мурад, додавајќи дека во болницата престојуваат меѓу 12.000 и 14.000 бегалци.

На социјалните мрежи се појавија видеа од бомбардирање во близина на болницата.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски