Израел им порача на Палестинците итно да се евакуираат на југот на Газа

Од:

Војската на Израел денеска соопшти дека нејзините повици до Палестинците во Појасот Газа да се евакуираат кон југ, далеку од главниот фокус на војната против Хамас, сега се итни.

„Во текот на изминатите две недели, ги повикувавме жителите на северниот дел на Појасот Газа и градот Газа привремено да се преселат на југ. Поместувањето на југ е за нивна безбедност“, рече воениот портпарол Даниел Хагари.

„Денеска нагласуваме дека ова е итен повик“, рече тој на телевизискиот брифинг. Хагари додаде дека бројот на луѓе потврдени како заложници во Газа по прекуграничниот напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври се искачи на 239.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протестот

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ

Макрон: Треба да се запре продажбата на оружје што се користи во Газа