Филипова: Неготино е заборавено од централната власт

Од:

Кандидатот за градоначалник на Неготино од опозицијата, Силвана Филипова се заложи дека Неготино ќе го направи подобро место за живеење.

„Моите приоритети ќе бидат пред сè, обезбедување на вода за градот, средување од урбанистички аспект, а со посебно внимание ќе посветам на оние проекти што во СДСМ се зацртани како најбитни за сите општини. Тоа е подобрувањето на инфраструктурата, пред сè патиштата, поврзување со соседните градови и гасификацијата која многу ќе помогне за подобриот живот на сите граѓани“, рече Филипова.

Таа истакна и дека за Неготино гасификацијата е економски најевтин и најисплатив енергенс.

„Сегашната власт и локалната и централната, не прават ништо за нашиот град. Неготино е заборавено од централната, а уништено од локалната власт. Јас пред сè, ќе се заложам сите нерешени комунални прашања, да ги решам едно по едно. Неготино беше еден од најубаво решените и урбанизирани градови во Македонија. Сега пропаѓа. Сметам дека не требаат премногу средства, туку многу работа и залагање, за да го вратиме ликот на градот“, рече Филипова.

Според неа тешко е да се живее во град каде во најголемиот негов дел дневно има само по 4 часа вода за пиење и каде цистерните за вода, се дел од секојдневието.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук