Тројца мигранти се убиени во престрелка што се случила рано утринава во напуштените објекти на поранешниот земјоделски имот „Бачка“ кај населеното место Хоргош, односно во пограничната зона, потврдија за РТС од Полициската управа во Кикинда.
Уште еден мигрант е ранет и се лекува.
Престрелката се случила надвор од населбата Хоргош, но жителите се вознемирени и од рано утрово на социјалните мрежи известуваат за долготрајната пукотница која се слуша од пограничната зона.
Големи полициски сили се на терен.