Вчера граѓаните повторно беа вознемирени и потресени од мафијашките пресметки кои со МВР на Спасовски станаа се почеста појава. Среде бел ден, во трговски центар во центарот на Скопје, вооружен напаѓач пука од пиштол и тешко повредува две лица. Настанот се случува во трговски центар, каде што постојат голем број на камери, како и голем број на минувачи кои биле во непосредна близина на настанот, а напаѓачот се уште не е пронајден и лишен од слобода, изјави денеска Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– МВР под раководство на Спасовски е до толку неспособно што не може да расчисти настан што се случил во центарот на главниот град, каде што постојат голем број на можности за идентификација и лоцирање. МВР раководено од Оливер Спасовски доживува целосно фијаско. Уште по фрапантно е што полицијата предводена од Спасовски не го превенирала настанот, иако неколку дена претходно е најавено убиство на социјалните мрежи на едно од лицата кои се повредени. На кое дереџе Оливер Спасовски и СДС го донесоа МВР – на толку многу вработувања и фалење од страна на Спасовски, дојде ред од граѓаните да бараат помош за препознавање на лицето коешто пукало во трговски центар. Спасовски е целосно неспособен да гарантира јавен ред и мир. Поради колапсот на безбедносниот систем под раководство на Спасовски, Македонија е тема и во балканските медиуми во одделот „Црна хроника“. Спасовски мора да си поднесе оставка веднаш – рече Ковачки.