ВМРО-ДПМНЕ: Груби во центарот на нов скандал – сомнителен е тендерот од 2,6 милиони на Лотарија со компанијата со конекции со кланот Зајас

Од:

Ковачевски нека не се прави домазет во својата влада, слика има тон нема. Пред носот му се случува скандал, а тој молчи затоа што не смее да му зуцне ништо на Артан Груби. Имено Груби е централниот лик во новата шема со која 2,6 милион евра народни пари ќе се одлеат во џеб на негов близок соработник, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Државна Лотарија, водена од Перпарим Бајрами, шеф на кабинетот на Груби во министерството за политички систем, изнајмила објект во скопско Визбегово и ќе плаќа над 21 илјада евра месечна кирија за период од 10 години! Објектот пак е во сопственост на компанијата ХЕЈ ДООЕЛ на Армин Машовиќ, познат како бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, ортакот на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај! Овој лик кој е близок до кланот Зајас во февруари го купил објектот и за чудо за неколку месеци го добил овој милионски тендер од Лотарија. Истиот овој Машовиќ е бизнис партнер и со Шабан Амзовски кој е член на Управен одбор на Државна лотарија, што целиот скандал го прави уште поголем и посомнителен. Како црева се изврзале ликови блиски до Груби за да направат бизнис шема за добивање тендери и богатење на сметка на државниот буџет. Граѓаните гледаат дека функционерите од оваа власт на ДУИ и СДС со народни пари направија бизнис империја и станаа милионери – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Андоновска: Без оставка на Филипче, СДС нема иднина

А1он

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти