Стоилковски: Институциите да не молчат, како директор на Лотарија потпишал договор со фирма каде дел е член на УО на Лотарија?

Од:

Втора недела Артан Груби, ДУИ, Ковачевски, Лотарија, немаат одговор за скандалот – како директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами изнајмува локал за цели 21.000 евра месечно од фирма чиј што дел е член на УО на Лотарија, Шабан Азмовски, Хамза и тоа со договор на 10 години вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– 21.000 евра месечно, 10 години, 252.000 годишно, вкупно 2 милиони 520.000 евра. Исто така, за годинава Лотарија предвидела речиси милион евра, над 970.000, за наем и реконструкција на деловен простор, всушност за истиот локал! И двајцата притоа се дел од кабинетот на Артан Груби во министерството за политички систем. Шабан Хамза, всушност отвора портал ХЕЈ.МК каде главен условно клиент е Фидан Селими со фирмата „Медиа Девижн 2021“, инаку уште еден вработен во министерството на Артан Груби, со задолженија за рекламирање на ДУИ. Локалот кој што е изнајмен е од фирмата „ХЕЈ“, на Армин Машовиќ, познат како бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, ортакот на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај. Значи тројца вработени кај Артан Груби во бизнис со партнерот на Ерџан Сулкоски, оној којшто Али Ахмети се сеќавате дека нели не го познава, рече Стоилковски.

Стоилковски потсетува дека за овој случај пишуваше и „Слободна Европа“, домашната канцеларија на странски медиум. Но и тие пишуваат дека не добиле никаков одговор од институциите.

– Затоа пак, наместо одговор до медиум и одговор на прозивките од опозицијата, едноставно, го срушиле интернет порталот, да е невидлив за јавноста, рече Стоилковски и додава:

„ХЕЈ“ ДООЕЛ е компанија којашто во 5 месеци прави чудо од бизнис. Основана на 02 февруари, на 22 март купува објект од речиси 3.000 квадрати, се пријавува на тендер на Лотарија во мај, и на 5 јули добива договор тежок 2,6 милиони евра!

За пет месеци од формирањето до бизнис тендер од 2,6 милиони евра! Секако, фирмата е на Армин Машовиќ, компанија за консалтинг, маркетинг и за медиумска застапеност.

Порталот ХЕЈ.мк е регистриран еден месец пред фирмата да започне, значи во јануари, од Шабан Азмовски, Хамза, инаку член на Управниот одбор на акционерското друштво на Државна лотарија, и вработен во министерството на Артан Груби!

Најголем огласувач на ХЕЈ.МК е фирмата на Фидан Селими, со информации, и видеа од и за ДУИ, а Фидан Селими со фирмата „Медиа Девижн 2021“, е уште еден вработен во министерството на Артан Груби!

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Град Скопје: Дали најавите на Мицкоски за набавка на нови автобуси се причина за блокадата на Скопје од советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски