Сончево и топло, температура до 28 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 24 степени.

УХМР информира дека ќе продолжи периодот на релативно топло време. В среда од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе се прошират повремени врнежи од дожд кои ќе завршуваат во текот на ноќта. Понекаде, особено во западните делови врнежите ќе имаат умерен интензитет и ќе има услови за појава на ретки грмежи.

В четврток и особено в петок се очекуваат врнежи од дожд, претежно во западните делови од земјата.

Би можело да ве интересира

Заладување од вторник

Сончево со температури до 32 степени

Сончевро време со температури до 29 степени

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево време со темеператури околу 30 степени

Сончево, со температура до 30 степени