ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено

Од:

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожари на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден.

– Активен се води се уште пожарот што изби помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи пасишта, смреки, папрат, поедини стебла од бука, ела и шума. Заради напристпаноста на возила, пожарникарите од ТППЕ Гостивар не интервенирале. Во можност биле само од Националниот парк „Маврово“ да интервенираат со пет вработени. Пожарот е локализиран, но се уште има чад во внатрешноста. Лицата кои интервенирале се повлекле од терен во после 18.40 часот. Во утринските часови повторно екипите од националниот парк е планирано да извидат и да интервенираат на истиот тешкопристапен терен, информираат од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Активни се три пожари, еден е под контрола

(ВИДЕО) Ангелов: Повторно се разгоре пожарот во Мариово, не чека тешка ноќ

Горан Наумовски

ЦУК: До 18 часот 11 активни пожари, три се под контрола

Пет активни пожари, еден под контрола, а шест се изгаснати

Горан Наумовски

Во пожар изгореа неколку стари куќи во прилепско Чаниште – нема жртви и повредени

А1он

Маж (70) почина при пожар во Смедерево

А1он