ВИДЕО: Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Од:

Во интервју за Си-Ен-Ен, портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус беше прашан да коментира за тоа колку брзо може да започне копнената офанзива. „Војската е распоредена долж Појасот Газа. Резервите се подготвени, опремени и во готовност“, рече тој. Но, не сакаше да „огласува“ кога ќе почнат активностите.

Копнената активност е една од опциите, една од алатките со кои располагаме“, додаде тој.

Претходно вчера израелскиот министер за одбрана Јоав Галант ги посети израелските војници стационирани на границата со Газа и им порача дека наскоро ќе ја видат територијата „од внатре“. „Ќе дојде редот“, рече Галант. Набргу потоа, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави видео на кое е опкружен со војници и ветува победа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел силно го напаѓа Бејрут „Ова е најтешко досега“

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ