Едно лице загина, а неколку се повредени во нападот што се случи вечерва во францускиот град Руан. На терен се бројни медицински и полициски екипи.
🚨 Nous avons reçu une information selon laquelle une attaque au couteau aurait eu lieu à #Rouen. Aucune précision supplémentaire pour le moment. pic.twitter.com/g2sNwFTn6v
— Cpasdeslol (@cpasdeslol_X) October 19, 2023
Нападот се случил околу 21 часот. Според неофицијални информации, непознато лице избодело неколку лица со нож.
Иако прво се шпекулираше дека се работи за терористички напад, првите резултати покажуваат дека на убиството му претходела тепачка меѓу неколку лица.
Засега не се познати други детали.