Праксата на неказнивост на сторителите на криминални дела ги разочарува граѓаните и тоа мора да прекине, одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање околу прекинувањето на судски процеси по измените на кривичниот закон.
Мицкоски најави борба против оваа појава уште во првите денови по преземањето на власта.
– Навистина е трагично што ваквиот начин кога се имплементира политичка неказнивост и истовремено се обезбедува идна амнестија за сторените кривични дела изминативе шест години. Тоа го разочарува и демотивира народот и затоа денес сме сведоци кога цели семејства ја напуштаат Македонија, затоа што се обесхрабрени и немаат надеж дека можат да успеат. Еве јас ветувам дека во првите сто денови јавноста ќе види резолутна и робустна борба против криминалот и политичката корупција. Мора одлучно да се тргне во борба со ваквиот криминал, бидејќи ни стана пракса да постои неказнивост, а таа пракса е лоша за државата и најмногу за граѓаните, бидејќи ги разочарува, рече Мицкоски при денешната посета на Зелениково.
Прво правеа спектакли и естрадни атракции кога им упаѓаа на луѓето дома, кога со качулки на главите, со лисици на рацете ги изнесуваа ги носеа и потоа од сам старт без да ја почитуваат презумцијата на невиност ги обвинуваа дека се криминалци, дел заслужено, дел незаслужено. Од тие кои едно време беа шарени револуционери и кои што скандираа „Нема правда нема мир“, денеска од тие големи лавови и херои гледате дека не останаа ниту мали мачиња барем да бекнеа, да гукнеа нешто за ова што се случува, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски исто така вети дека во првите 100 дена откако ВМРО-ДПМНЕ ќе формира влада вавоста ќе види јасно што значи резолунтна и робусна борба и искоренување на криминалот и политичката корупција.
„Мора веднаш да се влезе во агресивно и робусно во борба со ваквиот тип на сторители за коишто постои основано сомневање за сторено кривично дело, бидејќи некако ни стана нас пракса да постои неказнивост, а таа пракса лоша е и за државата, а најмногу е лоша за граѓаните бидејќи ги разочарува“, потенцираше Мицкоски.