Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал-Кидра, денеска изјави дека 471 Палестинец загинале, а повеќе од 314 се ранети во, како што го нарече „израелскиот масакр“ во болница на северот на Појасот Газа.
Палестинските власти го обвинуваат Израел за експлозијата во болницата во вторникот.
Израел соопшти дека експлозијата била предизвикана од неуспешно лансирање ракета од страна на палестинската милитантна група Исламски џихад, која ја негираше одговорноста.