Од Русија пристигнуваат осудувачки пораки во врска со нападот на болницата во кој загинаа стотици цивили.
Ракетниот напад врз болницата во Појасот Газа е злосторство против човештвото, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
– Бројот на жртвите е огромен, ескалацијата отиде далеку од границите на регионот. Тоа е глобална хуманитарна катастрофа на глобално ниво – рече таа.
Како што вели, ситуацијата на Блискиот Исток драматично се развива и добива огромен замав.
Захарова ги повика Израел и неговите американски партнери да обезбедат сателитски снимки за да докажат дека не биле вклучени во нападот на болницата.