Фон дер Лајен: Одговорните мора да одговараат за нападот во Газа

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен вели дека е тажна поради нападот на болницата Ал-Ахли во Газа и големиот број загинати.

„Нема оправдување за напад на болница полна со медицински персонал и цивили. Мора да се утврдат сите факти и одговорните мора да одговараат“, напиша Фон дер Лејен на X, поранешен Твитер.

Шефот на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на итен прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хамас. На барањето се приклучија 22 арапски земји. Ријад Мансур, палестинскиот амбасадор во ОН, рече дека членовите на Арапската група се огорчени од овој масакр и се обединети во нивното барање за испорака на хуманитарна помош и спречување на принудно раселување на Палестинците.

Би можело да ве интересира

Израелската војска објави снимка: Тунел исполнет со тела на убиени членови на Хамас

Предраг Петровиќ

Русија во ОН: Итно прекинување на насилството врз цивилите на Блискиот Исток

Војската излегува на улиците во Виена: Австрија го зголеми нивото на закана од тероризам

А1он

471 Палестинец загина, 314 се ранети во напад на болница во Газа

Горан Наумовски

Бајден: Изгледа дека нападот врз болницата го извршила друга страна, а не Израел

Став на Москва за нападот на болницата во Газа: Злосторство против човештвото