СДСМ: Антиевропските политичари ги чека двоен пораз на изборите

Од:

Антиевропските политичари ги чека двоен пораз на изборите идната година и на претседателските и на парламентарните. Иднината на државата е европска, друга алтернатива нема. По 17 години чекање вратата на ЕУ е отворена, поддршката од меѓународната заедница е јасна и недвосмислена. Само Мицкоски и ДПМНЕ се против членството во ЕУ, се вели во соопштението од СДСМ.

„Граѓаните не сакаат нова изолација, економска стагнација и неизвесност, сакаат европска иднина, европски вредности, европски животен стандард. Членството во ЕУ носи повисоки плати и пензии, пазар од 500 милиони луѓе за пласирање на македонските производи, пристап до европските фондови. СДСМ е предводник на европскиот фронт и отворен за сите партии кои се за подобра европска иднина на државата. Антиевропската политика на ДПМНЕ е антимакедонска и ќе биде поразена“, твдат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он