Шест лица загинаа во израелски воздушен напад врз училиште со кое раководи хуманитарната агенција УНРВА во Газа. Организацијата соопшти дека десетици други се повредени, вклучително и персоналот на УНРВА, а причинета е сериозна структурна штета на училиште во бегалскиот камп Ал-Магази.
„Бројките најверојатно ќе бидат поголеми“, се вели во соопштението на УНРВА.
Засолниште во училиштето нашле околу 4.000 луѓе.
Агенцијата го нарече нападот „безобразен“ и приказ на „флагрантно непочитување на цивилниот живот“.
„Ниту едно место повеќе не е безбедно во Газа, дури ни објектите на УНРВА“, се вели во соопштението.