.Македонските писатели масовно креваат глас за спас на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). Божин Павловски, Кица Колбе, Ферид Мухиќ, Глигор Стојковски, Никола Маџиров, Милош Линдро, Паско Кузман, Анастасија Ѓурчинова, Јовица Ивановски, Ванчо Полазарески, Владе Димовски, Владо Јаневски, Дејан Трајковски, Љупчо Силјановски, Наум Попески, Мирјана Стојановска, Марина Мијаковска, Будимка Поповска, Ана Пејчинова и Марта Маркоска. И овие членови на ДПМ застааа зад реакцијата и јавниот повик упатени по последните настани во македонската писателска асоцијација.
– Ја повикуваме претседателката на Собранието, Кристина Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, за Вонредното изборно собрание, веќе закажано за 25.11.2023 година (сабота) да подготви и да испрати до членството Дневен ред на Собранието, како и Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот, нагласуваат писателите во реакцијата и јавниот повик.
Тие упатуваат јасна порака дека по последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа. И се едногласни дека сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на Друштвото, кои се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница.
Потписници на реакцијата и повикот од претходно се членовите на ДПМ: Влада Урошевиќ, Оливера Николова, Цане Андреевски, Гордана Михаилова Бошнакоска, Митко Маџунков, Санде Стојчевски, Зоран Анчевски, Љубинка Донева, Димитрие Дурацовски, Весна Ацевска, Бранко Цветкоски, Славе Ѓорѓо Димоски, Братислав Ташковски, Гордана Јовиќ-Стојковска, Гоце Ристовски, Борче Панов, Соња Стојменска-Елзесер, Лилјана Пандева, Сашо Огненоски, Оливера Ќорвезироска, Весна Мојсова-Чепишевска, Виолета Танчева-Златева, Елизабета Јончиќ, Зоран Јакимовски, Лидија Димковска, Ана Мартиноска, Билјана Црвенковска, Владимир Јанковски, Игор Анѓелков, Снежана Младеновска Анѓелков, Сузана В. Спасовска, Диме Ратајкоски, Игор Станојоски, Александра Јуруковска, Снежана Стојчевска, Марија Гиревска, Румена Бужаровска, Јулијана Величковска, Ирена Јурчева, Славица Гаџова-Свидерска, Мерсиха Исмајлоска, Драгана Евтимова, Фросина Пармаковска, Милена Ристова-Михајловска, Живко Грозданоски, Петар Андоновски, Давор Стојановски, Ана Бунтеска, Иван Антоновски, Михајло Свидерски, Смиле Наумоски Брсјак и Никола Илијовски.
Во продолжение интегралниот текст на реакцијата и повикот на членови на ДПМ, со целосен список на потписници и Ве замолуваме да ја известите јавноста.
РЕАКЦИЈА И ПОВИК
По неотповикливата оставка на Христо Петрески од функцијата претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ); по свикувањето Вонредно изборно собрание од Претседателката на Собранието на ДПМ, Кристина Николовска; и по повлекувањето на Христо Петрески на неговата неотповиклива оставка (постапка без преседан), ние, како членови на ДПМ, со цел да се заштити достоинството на македонскиот писател, по обраќањето на Христо Петрески до медиумите, во кое, потпишан како претседател на ДПМ, зборува дека е „под притисок за прашања кои задираат во националниот идентитет и прашањата за македонскиот јазик“, укажуваме дека:
– ДПМ има важно историско значење за македонската култура и држава, а со тоа и за националниот идентитет, и мора да има општествена одговорност и цврста позиција во денешницата;
– Сите реакции, критики и барања од страна на членовите на ДПМ во изминатиот период се поттикнати од лошото раководење и функционирање на Друштвото;
– Лошото раководење и функционирање на ДПМ се во спротивност на националните и на сите други интереси на нашата писателска и културна заедница;
– Доброволната оставка на 8 од 9 членови на Претседателството на ДПМ не смее да остане незабележана, и недозволиво е да се направи самоиницијативен обид, неоправдан од Статутот, за нивна замена со други членови.
– Начинот на кој Христо Петрески се обидува да создаде матна слика во јавноста преку веќе наведевениве постапки е штетен за угледот на ДПМ во Македонија и во странство, но штетен е и за националните (и за сите други) интереси;
– Христо Петрески, пред целото членство на ДПМ (преку кој било медиум), мора да го образложи неаргументираното тврдење испратено до медиумите за наводните притисоци и закани, како и за прашањата што наводно ги задираат идентитетот и македонскиот јазик;
– Членството на ДПМ нема да дозволи да биде изманипулирано и бара медиумите и пошироката јавност да бидат запознаени со тековните случувања во раководството на Друштвото, зашто по сите превирања и обвиненија, сметаме дека невалидна е изјавата на Христо Петрески дека „работата на Друштвото се одвива во неговите простории и во културните институции“;
– По последните настани, невозможно е Друштвото да продолжи со нормална работа. Следствено на тоа, ја повикуваме претседателката на Собранието, Кристина Николовска, во согласност со Статутот на ДПМ, за Вонредното изборно собрание, веќе закажано за 25.11.2023 (сабота) да подготви и да испрати до членството Дневен ред на Собранието, како и Деловник за Вонредното изборно собрание, со повик за доставување кандидатури за претседател на ДПМ и претседател на Собранието на ДПМ, за заинтересираните да можат да ги исполнат своите обврски во согласност со роковите предодредени со Статутот.
Со почит,
Влада Урошевиќ
Оливера Николова
Цане Андреевски
Гордана Михаилова Бошнакоска
Божин Павловски
Митко Маџунков
Ферид Мухиќ
Санде Стојчевски
Кица Колбе
Глигор Стојковски
Милош Линдро
Зоран Анчевски
Љубинка Донева
Димитрие Дурацовски
Весна Ацевска
Паско Кузман
Бранко Цветкоски
Славе Ѓорѓо Димоски
Братислав Ташковски
Гордана Јовиќ-Стојковска
Љупчо Силјановски
Јовица Ивановски
Гоце Ристовски
Владе Димовски
Борче Панов
Соња Стојменска-Елзесер
Анастасија Ѓурчинова
Лилјана Пандева
Сашо Огненоски
Оливера Ќорвезироска
Весна Мојсова-Чепишевска
Виолета Танчева-Златева
Елизабета Јончиќ
Ванчо Полазарески
Наум Попески
Зоран Јакимовски
Лидија Димковска
Ана Мартиноска
Билјана Црвенковска
Никола Маџиров
Владимир Јанковски
Игор Анѓелков
Снежана Младеновска Анѓелков
Владо Јаневски
Сузана В. Спасовска
Дејан Трајковски
Ана Пејчинова
Диме Ратајкоски
Игор Станојоски
Александра Јуруковска
Мирјана Стојановска
Снежана Стојчевска
Марија Гиревска
Румена Бужаровска
Јулијана Величковска
Марта Маркоска
Ирена Јурчева
Славица Гаџова-Свидерска
Мерсиха Исмајлоска
Марина Мијаковска
Драгана Евтимова
Фросина Пармаковска
Милена Ристова-Михајловска
Живко Грозданоски
Будимка Поповска
Петар Андоновски
Давор Стојановски
Ана Бунтеска
Иван Антоновски
Михајло Свидерски
Смиле Наумоски Брсјак
Никола Илијовски