Чулев: Употребата на полицискиот хеликоптер за политички цели е класична злоупотреба, ДКСК да го истражи случајот

Од:

Поранешниот Министер за внатрешни работи Наќе Чулев на својата фејсбук страна ја повика Државната комисија за спречување на корупција и останатите надлежни институции и да го истражат случајот во која Министерот за внатрешни работи, во видео објавено на неговата фејсбук страна, правична класична злоупотреба на полициските ресурси за политички цели.

Чулев во својот статус наведува дека гога вработените во Министерството за внатрешни работи, работат и функционираат во услови кои се далеку под стандардот за нормално функционирање на полицијата и кога поради лошото менаџирање на Министерството за внатрешни работи, оваа државна институција тоне во отпад, парите на полициските службеници и граѓаните се користат за политичка промоција на Оливер Спасовски, кој за личен ПР и за политичка промоција во пресрет на претседателскиот избори, објави високо квалитетен спот, платен од буџетот на Министерството за внатрешни работи, каде тој лета и се фотографира со полицискиот хеликоптер.

Тој го повикува Оливер Спасовски да даде одговор која е потребата за политички цели да се употреби хеликоптерот? колку чини реализацијата на овој промотивен спот? Дали употребата на државен хеликоптер со полициски ознаки не е злоупотреба на позицијата за политички и лични цели? Кој е бенефитот на граѓаните од трошењето буџетски пари за себепромоција и политички цели?

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

Спасовски: Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани

А1он