Усмртен пешак на патот Кичево-Охрид

Од:

61-годишен жител на дебарското село Могоче го загуби животот откако во него удрил „мерцедес“ на регионалниот пат Кичево-Охрид во населбата Горица. Мерцедесот го возел 36-годишник од Другово.

Жртвата починала на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Медицинскиот центар Кичево.

Увид на местото извршиле екипа на Полициската станица Кичево и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било предадено на обдукција информираше МВР.

Би можело да ве интересира

Пукање од автомобил во скопски Центар

Се запали автомобил во движење, возачот се здоби со изгореници

Катерина Ѓуровски

Четириесетгодишен скопјанец пронајден починат во стан во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Тинејџер избоде 14-годишник во Сарај

Жена загина во сообраќајна несреќа кај Струмица

Фрлена бомба врз угостителски објект кај Тетово, двајца повредени