Средба со Светска банка: Народната банка придонесува за одржување на здравоста на финансискиот сектор преку својата макропрудентна политика

Од:

И покрај предизвиците од затегнувањето на финансиските услови и глобалните случувања, банкарскиот систем ја задржа својата здравост и стабилност за што придонес имаат и преземените макропрудентни политики на централната банка. Ова беше посочено на состаноците на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерката Ана Митреска, со високи претставници на Светската банка, потпретседателката Антонела Басани, директорката за Западен Балкан Шаочинг Ју и извршниот директор на Конституенцата на која ѝ припаѓаме, Кун Давидсе.

Светската банка позитивно ги оцени политиките на Народната банка за задржување на финансиската стабилност, а истовремено дава техничка помош преку повеќе проекти за дополнително јакнење на капацитетите на земјата и на централната банка, преку унапредување на макропрудентната рамка, управување со климатските промени и подзаконската рамка за решавање банки.

По донесувањето на Законот за решавање банки од страна на Собранието, Народната банка е во процес на изработка на подзаконската регулатива, и тоа со поддршка од Секторот за финансиско советување на Светската банка. Во делот на зелените финансии, Светската банка ѝ помогна на Народната банка во подготовката на неoдамна усвоениот тригодишен план на активностите на Народната банка, во доменот на управувањето со ризиците од климатските промени, додека Народната банка во следниот период ќе биде посветена на приспособувањето на супервизорскиот пристап, развивањето методологија за стрес-тестирање на банките од аспект на климатските ризици и вршење подлабински анализи на овие ризици во банкарскиот сектор.

Од аспект на макропрудентната политика, со носењето на Законот за финансиска стабилност, минатата година, се воспостави институционална рамка за макропрудентната политика кај нас и правно се уреди улогата на Комитетот за финансиска стабилност во кој се вклучени сите финансиски регулатори. Светската банка обезбеди техничка помош за Народната банка во процесот на изработката на Стратегијата за спроведување на макропрудентната политика во Република Северна Македонија, како и за зајакнување на рамката за следење на системските ризици. Преку постојано јакнење на капацитетите се јакне и отпорноста на финансискиот систем, како основа за макроекономската стабилност.

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Гувернерката ги прими стипендистите од ЕФА: Народната банка дава поддршка за развој на младите

Народната банка потпиша меморандум со Клубот Алпбах за унапредување на финансиската писменост