Митева: Според проекциите на ММФ Македонија е последна, зад Косово, Албанија и Црна Гора со економски раст од 2,5%

Од:

Шесте години власт на СДС и ДУИ ја направија Македонија рекордер по сиромаштија, затворени фирми и пропадната економија. Поразителни се бројките на експертите кои говорат дека до пред само неколку години бројот на наши сограѓани кои биле во сиромаштија бил 360.000, а сега до крајот на 2023 година таа бројка се очекува да се искачи на 510.000. Тоа се скоро 30% од луѓето кои живеат во државата, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Имено, во 2022 година затворени се 6.857 компании, од кои 5 се големи компании со над 250 лица вработени во нив, 3 се средни компании и остатокот се микро претпријатија, кои прехранувале најмалку уште толкав број на семејства. Додека Македонија со оваа власт тоне може да се заклучи и од најновата проекција на економскиот раст за земјите од регионот објавена од ММФ. Според најновите проекции на ММФ Македонија е последна, зад Косово, Албанија и Црна Гора и овие држави годинава ќе ја завршат со над 50% поголем економски раст. ММФ прогнозираше раст на македонската економија од 2.5% за оваа година, а во исто време проекцијата за Албанија е 3.6%, што е за 50% повеќе од Македонија. Растот пак на економијата на Црна Гора за оваа година од страна на ММФ се прогнозира дека ќе биде 4.5%, тоа е за 80% подобар резултат, рече Митева.

Би можело да ве интересира

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било