Небал Фарсах, портпаролка на палестинската Црвена полумесечина во градот Газа, изјави за Асошиетед прес дека нема шанси повеќе од милион луѓе да бидат безбедно евакуирани толку брзо. „Заборавете на храната, заборавете на струјата, заборавете на горивото. Единствената грижа сега е дали ќе успеете, дали ќе преживеете“, низ солзи изјави Фарсах.
„Што ќе се случи со нашите пациенти? праша таа и потоа додаде: „Имаме ранети, имаме стари луѓе, имаме деца кои се во болници“. Фарсах рече дека многу лекари одбиваат да ги евакуираат болниците и да ги напуштат пациентите. Наместо тоа, рече таа, тие ги повикале своите колеги да се поздрават.
Жестоко реагираат и обединетите нации, бараат објаснување од Израел на највисоко ниво за вавката наредба која според нив едноставно не може да се исполни.
„Ова е хаос, никој не разбира што да прави“, изјави Инас Хамдан, официјален претставник на палестинската агенција на ОН за бегалци во градот Газа, на новинарот на Асошиетед прес додека зграпчуваше се што можеше да собере во нејзините торби додека нејзините роднини панично викаа околу неа. .
Таа рече дека на целиот персонал на ОН во градот Газа и северниот дел на Газа им било кажано да се евакуираат на југ во Рафах.
Друг претставник на ОН изјави за Асошиетед прес дека Обединетите нации се обидуваат да добијат појаснување од израелските официјални претставници на највисоко политичко ниво, откако беше издадена поширока наредба за евакуација до ОН од онаа што ИД ја објави набргу потоа. „Ова е целосно без преседан“, рече функционерот, говорејќи за Асошиетед прес под услов да остане анонимен, бидејќи тој не беше овластен да зборува јавно. Паничните гласини за евакуација почнаа да се шират низ северниот дел на Газа рано утринава, јавува АП.