Свежо утро, а преку денот сончево и топло до 29 степени

Од:

Времето денеска наутро ќе биде свежо, а преку денот сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Според прогнозата на УХМР, во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за локален дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник јужен ветер.

Би можело да ве интересира

Заладување од вторник

Сончево со температури до 32 степени

Сончевро време со температури до 29 степени

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево време со темеператури околу 30 степени

Сончево, со температура до 30 степени