Муцунски: Колку што владата се обидува да не кочи, толку помотивирани сме да работиме за граѓаните

Од:

Денеска го отвораме новиот спортско рекреативен комплекс во Лисиче, локација која што ја посетивме уште за време на кампањата за локалните избори и која беше дива депонија. Искрен да бидам оваа локација пред две години изгледаше на земја од третиот свет. Сите жители на оваа општина заслужуваат и нивните деца и нивните семејства да имаат еднакви услови за рекреација, за спортување и сметам дека со оваа инвестиција во општина Аеродром го постигнавме токму тоа рече градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

– Тоа што сакам да го повторам и го истакнав во медиумите во последните неколку мои интервјуа е дека се прават максимални опструкции од страна на централната власт да не се реализираат капитални инвестиции во општина Аеродром. Тоа е до тој степен изразено што во моментов што на седница на влада повеќе месеци се блокира пристап до обврзница, односно пристап на средства кои се наши, кои ни припаѓаат нам и кои ние имаме одговорност да ги реализираме. Со блокирањето на тие средства владата на СДС и ДУИ блокира две нови детски градинки во Аеродром, нов плоштад позади Капитол мол и доградба и проширување на капацитетите на две основни училишта. Колку што тие се обидуваат да спречат, толку помотивирани сме да реализираме проекти кои се ветени во нашата програма која целосно ќе биде реализирана до 2025 година и да реализираме проекти кои се за доброто на сите жители на Аеродром, независно дали се симпатизери на некоја политичка партија, не се симпатизери. Тука заеднички работиме за сите жители на оваа општина, вели Муцунски.

Би можело да ве интересира

Македонија бара предвидлив европски пат без дополнителни барања, порача Муцунски

Муцински повтори дека нема услови за уставни измени

Катерина Ѓуровски

Муцунски и Мицкоски да се огласат по предлогот на Мерц, бара Левица

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Нема индивидуални исклучоци, разговараме за полесен влез во ЕУ

Филипче: Мицкоски и Муцински ја кријат вистината, уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Муцунски за „Евроњуз“: Не сме проевропска држава само во реториката, туку и во вредностите што ги спроведуваме