Македонските фудбалери до 19 години ја совладаа Полска на стартот на квалификациите за ЕП

Од:

Македонската машка фудбалска репрезентација до 19 години со победа ги почна квалификациите за Европското првенство 2024, откако вечерва во Торун го совладаа домаќинот Полска со 2-0 (1-0).

Стрелец на водечкиот гол беше Величковски во 12 – таминута, а конечниот резултат го постави Елмас во 70-та минута.

Македонските фудбалери во првата фаза од квалификациите се дел од групата 5 која се игра во полските градови Торун и Иновроцлав, а противник на избраниците на селекторот Тони Јакимовски во второто коло, в недела, ќе биде Германија, додека во завршното коло, на 17 октомври, ќе играат против Казахстан.

Пласман во елитната квалификациска фаза која ќе продолжи идната пролет ќе обезбедат двете најдобро пласирани од 13-те групи, како и најдобрата третопласирана селекција.

Домаќин на Европското првенство до 19 години, кое од 15 до 28 јули ќе се одржи идната година, ќе биде Северна Ирска.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Прва авторизирана биографија на Дарко Панчев

Македонија против Фарските Острови: Реми и многу промашувања

Директорот и тренерот на Црвена звезда се повредени во ложата

(ВИДЕО) Хаос на теренот во Израел: Арапските навивачи не ја почитуваа химната, домашните ги претепаа

Предраг Петровиќ

Тажен крај за Ромео Бекам: На 22 години го напушти фудбалот и ја смени професијата

Предраг Петровиќ