ВИДЕО: Хамас го гаѓаше Тел Авив, нападнат аеродромот, прекинати летовите

Од:

Тел Авив и околните места, градови во централниот и јужниот дел на Израел попладнево беа под ракетни напади на палестинската милитантна група Хамас.

Израелските безбедносни сили и Хамас разменија силен оган во близина на пограничниот град Зиким, при што загинаа неколку членови на Хамас.

На жителите им било наложено да се преселат во засолништа поради ризик од терористичка инфилтрација, пренесува „Инет“. Претходно најмалку две лица беа повредени кога ракета падна во внатрешноста на Ашкелон и предизвика материјална штета.

На аеродромот Бен Гурион се слушнале сирени, но нема извештаи за прекин на воздушниот сообраќај. Терористичката група Хезболах поддржана од Иран денеска истрела минофрлачки гранати врз Израел. Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска го нападнаа јужен Либан како одмазда.

Израел ја истрела својата најголема артилериска граната врз цели на Хамас. Оваа ракета може да премине од едната до другата страна на Појасот Газа.

Гранатата има дострел до 40 километри и не е употребена од Втората либанска војна во 2006 година, пишува израелскиот весник.

Палестинските медиуми објавија дека братот на Мухамед Деиф, шефот на военото крило на Хамас, и членовите на неговото семејство, вклучително и неговиот син и внука, биле убиени во израелските напади во текот на ноќта.

Бритиш ервејс штотуку објави дека ги суспендира сите летови до Тел Авив.

Проектил го погодил аеродромот Бен Гурион во Тел Авив, објави вооруженото крило на Хамас. Летот на Бритиш ервејс се очекуваше да слета на аеродромот попладнево, но беше пренасочен поради безбедносни причини. Бригадите Ал Касам соопштија дека ја „бомбардирале“ локацијата како одговор на израелското таргетирање на цивили.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан